Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо, деновиве е во областа Лапонија на северот на Финска, која се смета за дом на Дедо Мраз.
Роналдо на социјалните мрежи објавува фотографии од снежната Лапонија, каде што се забавува и се релаксира со семејството, а таму ќе остане уште неколку дена бидејќи на 31 декември мора да биде дома, во Португалија, за 70-тиот роденден на мајка му Долорес.
Во пресрет на утрешниот католички Божиќ, Роналдо денеска преку социјалните мрежи им го честиташе празникот на сите кои ќе го слават, и тоа со фотографија на која е гол и си ги покажува мускулите на студеното време.
Првиот натпревар на Роналдо во 2025 година е закажан за 9 јануари, кога Ал-Наср треба да игра со Ал-Охдуд.