Ракометниот клуб Вардар 1961 веќе работи на создавање квалитетен и конкурентен тим и за следните сезони, а првиот потег во таа насока е продолжувањето на договорот со левиот бек Дмитро Горига.
Најтрофејниот македонски клуб и украинскиот интернационалец се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона, до крајот на 2025/2026.
Горига е дел од тимот неколку месеци, покажа дека неговото ангажирање е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности.
„Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за коишто сметаме дека можат квалитетно да помогнат и на ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина“, вели Андрија Нунев, оперативниот директор на РК Вардар 1961.