Ван Дајк претпазлив: Рано е да се зборува за титула, двапати ја губевме со мала разлика

Централниот дефанзивец и капитен на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека е премногу рано да се каже дека Ливерпул е фаворит за освојување на Премиер лигата оваа сезона.

„Веќе имаме слично искуство, во минатото двапати бевме блиску до титулата и загубивме со многу мала разлика. Треба да се подготвиме за мечот со Лестер. Главната работа е да одиме натпревар по натпревар. Не размислуваме за тоа што ќе се случи во мај. Сакаме да ја освоиме титулата, но знаеме колку е тешко да го направиме тоа“, изјави Ван Дајк.

Ливерпул е првопласиран на табелата со четири бода предност пред вториот Челзи и шест пред третиот Арсенал, а Црвените имаат одиграно и еден меч помалку од лондонските тимови. Актуелниот првак Манчестер сити е на минус 12.

- Оглас -

Најнови вести