Стефан Ристовски меѓу редови најави враќање во репрезентацијата? (Фото)

По денешниот состанок на Масар Омерагиќ и Горан Пандев со селекторот Благоја Милевски, веројатно една од темите било „закопување на воените секири“ со некои од најдобрите македонски фудбалери, во прв ред Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Во соопштението на ФФМ стоеше изјава од Пандев дека селекторот Милевски се согласил дека треба да играат сите најквалитетни, без разлика на некои недоразбирања од минатото.

Брзо потоа Ристовски на „Инстаграм“ објави фотографија на која тој и неговиот тимски колега од Динамо, Адеми, се во дресот на македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести