Барди оваа зима заминува од Трабзонспор?

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, е на чекор да ја заврши тешката ситуација во Трабзонспор, каде што долго време беше маргинализиран.

Дваесет и деветгодишниот играч не беше дел од тимот на седум натпревари по ред бидејќи беше „суспендиран“ заедно со уште неколку фудбалери. Тие добија известување дека клубот не смета на нив во иднина, но главен проблем беше нивниот договор со Трабзонспор, кој ги спречуваше да го продолжат својот кариерен пат на друго место.

Сепак, според последните информации од Турција, тренерот Шенол Ѓунеш веќе ги известил играчите, вклучително и Барди, дека можат да си бараат нови клубови. Освен Барди, оваа одлука ќе важи и за уште петмина други фудбалери.

Енис Барди оваа сезона настапи само на осум натпревари во турската Суперлига. Тој пристигна во Трабзонспор во 2022 година од шпанскиот клуб Леванте, каде што се истакна со своите игри.

- Оглас -

Најнови вести