Фудбалерот на Барселона, Феран Торес, ќе биде отсутен од терените во следните две недели поради повреда на стапалото здобиена на дербито против Атлетико Мадрид изминатиот викенд.
Шпанските медиуми објавија дека Торес ќе мора да го пропушти натпреварот од 1/16-финалето на Купот на Кралот против нисколигашот Барбарстро, кој е закажан за 4 јануари следната година.
Сепак, очекувањата се дека Торес ќе биде подготвен за полуфиналето од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, кое ќе се одигра на 8 јануари во Џеда, Саудиска Арабија, што моментно се смета за приоритет во тимот на Барселона.
На натпреварот против Атлетико, Торес доби шанса во последните триесетина минути заменувајќи го Гави. Сепак, немаше среќа бидејќи Барселона го загуби натпреварот со 1-2 со гола во судиското продолжение од мечот.