Легендарниот Зинедин Зидан одбил четири различни понуди од европски гиганти за да се врати на тренерската клупа, пренесуваат француските медиуми. Поранешниот тренер на Реал Мадрид сè уште чека понуда која целосно ќе го задоволи. Сепак, не се познати имињата на клубовите од кои пристигнале овие понуди.
Според шпекулациите во Франција и Шпанија, Зидан се надева на повик од раководството на Реал Мадрид.
Зидан последен пат беше тренер токму на Кралскиот клуб. Тој си замина во 2021 година и оттогаш не презел нова улога. Зидан двапати го водеше Реал, од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година. Во неговото водство, Реал освои три последовни титули во Лигата на шампионите, како и една титула во Ла Лига.
Блиски извори до Зидан велат дека тој е подготвен да се врати во тренерските води, но само доколку добие понуда од Реал Мадрид или од француската репрезентација. Во моментов, сепак, таква можност не е на повидок.