Борбата за титулата во Премиер лигата би била многу понеизвесна ако немаше ВАР

Ливерпул во моментов е лидер на табелата во Премиер лигата со четири поени предност пред Челзи, но и натпревар помалку, оној одложениот против градскиот ривал, Евертон. Сепак, во Британија пресметаа како би изгледала табелата во Премиер лигата, доколку не се користеше ВАР-системот.

Црвените би останале на првото место, но само со бод предност пред Челзи, а во борбата за титулата би бил и Борнмут, кој без ВАР-системот би имал четири бода повеќе и со 32 поена би се искачил на четвртата позиција.

Манчестер сити би изгубил два бода и би паднал дури на деветтата позиција, додека најголем губитник би бил Вест хем, кој со шест поени помалку би бил на 17-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести