Палестинскиот голман Ганем Махајна е тотален анонимус во светот на фудбалот, а неодамна потпиша за израелскиот третолигаш Хапоел Беит. Триесет и тригодишниот голман има израелско државјанство, но навивачите на неговиот нов клуб успеале да дојдат до информација дека тој во 2017 година настапувал за репрезентацијата на Палестина, па покренаа хајка против него, а клубот се одлучи да го отпушти.
Махајна има настапувано за низа клубови од Израел, но и за екипи од Палестина, каде што дури и освојувал трофеи, а во изјава за израелските медиуми вели дека тоа го правел за пари.
„Немав каде да играм по повредата, па еден пријател ми кажа дека постои лига и дека добро плаќаат“, вели голманот за настапите во првенството на Палестина. „Одеднаш се најдов таму и имав неколку добри сезони. Освоив три првенства и два купа“, додава Махаја.
Сепак, неговиот престој во Хапоел Беит траеше кратко, па 33-годишниот голман ќе мора да бара нов клуб за да ја продолжи својата кариера.