Флорентино Перес ѝ се налути на Ла Лига: „Ова веќе не може вака!“

Реал Мадрид се искачи на втората позиција на табелата во Ла Лига само со бод заостанување зад градскиот ривал Атлетико, а врвот може да го преземе веднаш по Нова година доколку ја совлада Валенсија.

Сепак, и покрај добрите резултати, во Кралскиот клуб владее незадоволство, и тоа кон раководството на Ла Лига. Причината се термините за натпреварите бидејќи Реал најчесто игра во оној од 21 часот, а посебен проблем се гостувањата, со оглед на тоа дека фудбалерите мора да патуваат цела ноќ и рано наутро да пристигнат дома.

Реал оваа сезона само против Леганес играше од 18:30 часот, а ваквиот ритам прави проблем и на тренинзите, кои мора да се преместат, но и да се скратат поради заморот кај фудбалерите.

Флорентино Перес е подготвен да реагира, но тешко дека ќе може нешто да промени, со оглед на тоа дека телевизиските преноси ги диктираат термините, а тие се познати пред почетокот на сезоната. Токму Кралскиот клуб заедно со Барселона е магнет за публиката и за екипи кои носат најголема заработка од ТВ-правата.

- Оглас -

Најнови вести