Најголемата иранска легенда доби помилување, може да му се врати на фудбалот

Али Даеи кон крајот на минатиот и на почетокот на овој век беше вистинска сензација со своите настапи за репрезентацијата на Иран, а настапуваше и во Бундеслигата за Баерн Минхен, Херта и Арминија. Се пензионира во 2007 година како светски рекордер со 109 гола за репрезентацијата, рекорд кој го надминаа само Кристијано Роналдо (135) и Лионел Меси (112).

Сепак, во 2022 година се најде во немилост на иранските власти, кои го отстранија од спортскиот живот во земјата, а дури и му го одзедоа пасошот бидејќи беше предводник на протестите против насилството на жените во земјата.

Според последните информации од Иран, претседателот на оваа земја, Масуд Пезешкијан, му наредил на министерот за спорт да ги тргне сите забрани за Али Даеи, но и да му биде вратен пасошот. Сепак, според иранските медиуми, Даеи одбил да се врати во фудбалот, па дури и ја одбил понудата да биде претседател на Фудбалскиот сојуз.

- Оглас -

Најнови вести