Домашните екипи ќе победат во НБА-лигата, има и по еден меч од фудбалот и НФЛ (Фото)

8349 Бостон – Филаделфија (23:00)

Актуелниот НБА-шампион, Бостон, како голем фаворит влегува во мечот против Филаделфија. Селтикси во моментов се на втората позиција во Источната конференција, веднаш зад Кливленд, додека Филаделфија е на 12-тата позиција. Бостон има четири победи на последните пет меѓусебни дуели против Филаделфија, а има и пет победи по ред на домашен терен против денешниот противник.

Предлог тип: 1 & >221.50 (2.55)

 

8348 Далас – Минесота (20:30)

Според сите параметри, Далас е фаворит против Минесота и од него се очекува победа, а на последниот меч во составот се врати и Лука Дончиќ, па домашниот состав вечерва треба да ја оправда фаворитската улога. Далас е четври во Западната конференција, додека Минесота е на 10-тата позиција. Пет од последните шест меѓусебни дуели на овие две екипи завршија во корист на Далас.

Предлог тип: 1-1 (1.90)

 

8333 Њујорк – Сан Антонио (18:00)

Кошаркарите на Њујорк имаат четири победи по ред, а од нив се очекува и петта на денешниот дуел против Сан Антонио. Никси немаат пораз од денешниот противник на последните четири меѓусебни дуели на домашен терен. И според табелата, домашните се фаворити. Њујорк е трет во Источната конференција, додека Сан Антонио е на деветтата позиција во Западната конференција.

Предлог тип: 1 & <223.50 (2.45)

 

5614 Пирамидс – Фарко (19:00)

Еден од натпреварите на кој се очекува победа на домашните во скромната фудбалска понуда за денес е оној помеѓу Пирамидс и Фарко од првенството на Египет. Овие две екипи имаат одиграно седум меѓусебни средби и она што е интересно е фактот дека Фарко никогаш не успеал да го победи составот на Пирамидс.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.69)

 

9002 Хјустон – Балтимор (22:30)

Вечерва се играат и два натпревари од НФЛ, или кај нас познати како американски фудбал, а еден од тие дуели е и оној помеѓу Хјустон и Балтимор. Очекувањата од овој натпревар се дека ќе бидат постигнати најмалку 48 поени, а од двете екипи се очекува интересна и неизвесна средба со оглед на тоа дека разликата помеѓу нив е само една победа.

Предлог тип: >47.50 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести