Халанд се обвинува себеси за лошите резултати на Сити, Гвардиола го брани: „Не може да биде крив само еден играч“

Манчестер сити не личи на екипата која четири години по ред дојде до трофејот од Премиер лигата, а успеа да ја освои и Лигата на шампионите. Граѓаните имаат девет порази на последните 12 натпревари, а само една победа и во моментов се на седмата позицијата на табелата и далеку од борбата за трофејот.

Ерлинг Халанд доминираше минатите две сезони, но на последните шест меча има само еден гол, односно три на последните 12 првенствени натпревари. Тој за британските медиуми изјави дека ја презема вината, но Пеп Гвардиола не се согласува со него.

„Се работи за екипата, не само за еден фудбалер. Кога претходно постигнувавме многу голови, Ерлинг профитираше поради тимската работа. Имаме проблеми со дефанзивата и со средниот ред. Екипата. Многу е лесно да се обвини еден фудбалер дека е крив за нашата криза, но тоа не е точно. Ерлинг беше важен за нас, важен е и сега и така ќе биде и во иднина“, рече Гвардиола.

Натпреварите од Премиер лигата продожуваат утре, а Манчестер сити го очекува домашен дуел против Евертон.

- Оглас -

Најнови вести