Кузмановски: Расположението е на највисоко ниво, знаеме колку беше тешко да се дојде до СП

Бекот Филип Кузмановски, кој е еден од главните адути во ракометната репрезентација на Македонија, вели дека подготовките за Светско првенство во Стара Пазова минуваат во позитивна атмосфера и мотивацијата во тимот е на највисоко ниво.

„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидеме дел од овој колектив.

Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството.

Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме“, вели Кузмановски.

Инаку, избраниците на Кирил Лазаров вечерва против Нови Београд го играат првиот контролен меч како загревање за она што претстои. Потоа ќе играат пријателски дуели и со Динамо Панчево, со репрезентацијата на Саудиска Арабија, и на крај со Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести