Уракан Лас Ерас ја победи Палмира со 2-0 во Купот Мендоза во Аргентина, а кога гостите го постигнаа вториот гол, следуваа неверојатни сцени, срамни за спортско борилиште, особено за една земја, која е актуелен светски првак во фудбал.
Играч постигна гол за својот тим и славеше со соблекување на дресот. И дотука нема ништо ненормално. Надреалното нешто беше она што се случи потоа.
Од трибините врз фудбалерот почна канонада од шишиња, едно од нив (полно) го удри во глава. Како тоа да не беше доволно, следуваше главниот шок, притрча ривалски фудбалер и го удри со тупаница во лицето.