Баерн има најмногу фудбалери во идеалниот тим на Бундеслигата за 2024 година

Баерн Минхен има најмногу играчи во идеалниот тим на Бундеслигата за 2024 година. Изборот е направен врз основа на просечните оценки на играчите на нивните позиции во текот на годината.

Хари Кејн, Џошуа Кимих и Џамал Мусијала се претставниците на баварскиот клуб. По двајца играчи имаат Баер Леверкузен (Алехандро Грималдо и Флоријан Вирц), Борусија Дортмунд (Нико Шлотербек и Серху Гираси) и Лајпциг (Вили Орбан и Чави Симонс).

Во идеалниот тим се најдоа:

Голман: Фредерик Ронов (Унион Берлин, просечна оценка 6.9);

Одбрана: Џошуа Кимих (Баерн, 7.25), Вили Орбан (Лајпциг, 6.96), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд, 7.04), Алехандро Грималдо (Баер Леверкузен, 7.41);

Среден ред: Флоријан Вирц (Баер Леверкузен, 7.61), Чави Симонс (Лајпциг, 7.63), Џамал Мусијала (Баерн, 7.86);

Напад: Омар Мармуш (Ајнтрахт, 7.62), Хари Кејн (Баерн, 7.74), Серху Гираси (Борусија Дортмунд, 7.39).

- Оглас -

Најнови вести