Наполи сериозно размислува да го ангажира капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, во јануарскиот трансфер-период, пренесува „Скај спорт Италија“. Тренерот на Наполи, Антонио Конте, 28-годишниот играч за врска го гледа како клучно засилување за средниот ред на својот тим.
Пелегрини имаше тежок почеток на сезоната и го загуби местото во стартниот тим под водство на актуелниот тренер на Рома, Клаудио Раниери. Тој има одиграно само 168 минути оваа сезона, со еден постигнат гол и две асистенции на 18 натпревари во сите натпреварувања.
На три од последните четири натпревари во Серија А, Пелегрини остана на клупата.
Договорот на Лоренцо Пелегрини со Рома трае до јуни 2026 година, но интересот од Наполи би можело да ја промени неговата иднина.