Француската ѕвезда Килијан Мбапе испрати силна порака пред почетокот на 2025 година.
Иако есента беше подложен на критики поради слабата форма, Мбапе јасно стави до знаење дека има високи цели со Реал Мадрид за Новата година, вклучувајќи борба за сите можни трофеи.
„Никој во Реал Мадрид нема да жали за мојот потпис. Во 2025 година сакам да нападнам на сите фронтови за титули, тоа е мојата главна цел“, истакна Мбапе.
Реал Мадрид неодамна го освои Интерконтиненталниот куп, во Ла Лига има само бод помалку од лидерот Атлетико Мадрид, а на почетокот на 2025 година тимот ќе има можност да го одбрани трофејот и во Суперкупот на Шпанија.
Французинот досега во дресот на Реал одигра 24 натпревари, постигна 14 гола и запиша четири асистенции.