Арсенал купува ѕвезда на Барселона за 75 милиони евра

Арсенал се подготвува да направи голем потег во јануарскиот трансфер-период со цел да го засили својот тим доведувајќи го францускиот дефанзивец Жил Кунде од Барселона. Според информации од англиски и шпански медиуми, премиерлигашот од Лондон подготвува понуда од 75 милиони евра за Кунде, која би можела да биде прифатена од Барселона.

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, се чини дека е подготвен да го пушти Кунде по оваа цена бидејќи клубот се соочува со сериозни финансиски предизвици и ваков трансфер би му помогнал да ги реши своите проблеми. Иако Кунде не игра во најдобра форма оваа сезона, Арсенал е убеден дека може да го врати на највисоко ниво и дека тој ќе биде значајно засилување за одбраната на тимот.

Микел Артета, менаџерот на Арсенал, верува дека доаѓањето на Кунде би било огромен потег за тимот и ќе ја зголеми конкурентноста во Премиер лигата и на европската сцена. Барселона, која има тешкотии со финансиите, би добила значителен прилив на пари од оваа продажба, што ќе ѝ помогне во стабилизирањето на својата финансиска состојба.

Во исто време, Арсенал се обидува да го засили тимот и на други позиции, приоритет има доведување нов напаѓач, но трансферот на Кунде би можело да биде клучен за нивните амбиции за трофеи оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести