Јурај Куцка со прецизен удар со глава во 78. минута и донесе победа на Парма против Џенова во меч од 26. коло во Серија А.
Словакот, кој има играно и за Џенова беше највисок во скокот и буквално ја „закуца“ топката во гостинската мрежа. Три минути подоцна кај гостите во игра влезе Горан Пандев, но веќе беше доцна за да се освои барем еден бод.
За капитенот на македонската репрезентација ова беше 401. меч во Калчото, по што е еден од активните играчи со најмногу мечеви во италијанската лига.
По оваа победа Парма стаса до 11. место со 33 бодови, а Џенова остана на 13. место со 30 бодови.