Арне Слот има ритуали кои ги прави секогаш во деновите кога игра Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, има прилично необично суеверие кое го следи во деновите на натпреварите. Според „Дејли мејл“, Холанѓанецот не е религиозен човек, но суеверен е.

Тој со години се обидува да не гледа во часовникот точно во 13.13 часот бидејќи смета дека таа бројка носи лоша среќа. За среќа на Слот, Ливерпул сезонава нема играч кој носи дрес со бројот 13. Тој исто така не сака да ја користи заменката „јас“ и секогаш вели „ние“.

Слот (46) го презеде Ливерпул пред почетокот на сезонава, а пред тоа беше на чело на Феенорд. Ливерпул под негово водство се бори за четири трофеи, води во англиската Премиер лига и Лигата на шампионите, па се чини дека суеверието засега му помага и бележи одлични резултати.

- Оглас -

Најнови вести