Пикфорд на шишето за вода си имаше запишано каде Халанд ги шутира пеналите (Фото)

Манчестер сити не проработе и на Боксинг деј. Евертон успеа да одигра 1-1 на „Етихад“ и освои бод, а херој на гостите беше голманот Џордан Пикфорд. Тој во 53-тата минута му одбрани пенал на Ерлинг Халанд.

Пикфорд се послужи со својот стар „трик“, кој сега редовно го користат голманите, кои на шишето за вода имаат напишано кој фудбалер како најчесто ги изведува пеналите.

Голманот на Евертон погледна во својот „потсетник“, ја прочита намерата на Халанд и успеа да го одбрани пеналот. Ова беше потегот на натпреварот, кој им даде поттик на гостите да стигнат до бод на ова тешко гостување.

- Оглас -

Најнови вести