Нова победа за Ливерпул: Лестер поведе и само ги налути „црвените“ (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат со одличните игри и силно грабат кон титулата во Премиер лигата. „Црвените“ вечерва на Енфилд го совладаа Лестер со 3-1, но дури откако противникот поведе.

Џордан Ајев уште во шесттата минута донесе водство за Лестер и го шокираше „Енфилд роуд“.

Сепак, Коди Гакпо не дозволи лидерот да оди на паузата со негатива, па во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме израмни на 1-1.

После само четири минути во второто полувреме, Ливерпул веќе беше во водство, откако Куртис Џонс стрелаше за 2-1.

Мохамед Салах со неговиот 16-ти премиерлигашки гол оваа сезона ги постави конечните 3-1 за Ливерпул на овој меч.

За „црвените“ ова е 22-ри натпревар по ред во сите натпреварувања без пораз, а после поразот на Челзи, сега имаат предност од седум поени, но и меч помалку од „сините“.

- Оглас -

Најнови вести