Серијата на Челзи од осум победи по ред заврши минатиот викенд, кога одигра 0-0 против Евертон, а на низата од 12 меча без пораз ѝ беше ставен крај денес, со шокантен пораз од Фулам на домашен терен.
Сините имаа водство од 16-тата минута, но Фулам со голови во 82-рата и во 95-тата минута направи комплетен пресврт.
„Голот што го примивме на крај остава лошо чувство. Многупати сум кажал, ако не можеш да победиш, важно е да не загубиш. Првите 15 минути од второто полувреме се дел од мечот кој воопшто не ми се допаѓа. Во првото полувреме ја контролиравме играта. Имавме шанси за гол, но во вториот дел од второто полувреме им дадовме енергија да играат. Дури кога Фулам израмни, ние имавме неколку добри шанси. Овој меч треба да ни биде лекција од која треба да учиме“, рече Мареска по големиот кикс на Челзи.