Пeт натпревари од 18-тото коло се играат вечерва во Евролигата. Барселона е домаќин на Црвена ѕвезда, дуел на којшто ако се следи традицијата е сигурен „кец“. Каталонскиот гигант има дури 12 победи по ред во пресметките со српскиот првак.
Лидерот на табелата, екипата на Париз ќе гостува кај Басконија. Париз влезе во лоша низа и има два порази, па сега очекува да се врати во победнички ритам.
Во понудата за „плус-минус“ поени, скокови и асистенции има над 70 опции за играчите. Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс да биде во „плус“ треба да постигне најмалку 19 поени. Тука се и вкупниот број на скокови, фаули и постигнати тројки на екипите.