Крадец во Италија на полицајците им велел дека е Шевченко

Во малото место Боскореале, во кое живеат едвај 27.000 жители, во близина на Неапол, е уапсен крадец кој тврдел дека е Андриј Шевченко. Крадецот кој бил од Полска, со денови „оперирал“ по куќите, крадејќи соларни панели. Додека бил во „напад“, крадецот бил приметен од полицијата и веднаш потоа и уапсен. Кога дошле полицајците, крадецот тврдел дека е Шевченко.

„Јас сум Андриј Шевченко, зарем не ме познавате?“, рекол 40-годишнио крадец од Полска, кој имал сличности со славниот фудбалер, но полицајците многу добро знаеле како изгледа некогашниот голгетер на Милан. Иако местото во кое е уапсен крацеот е во близина на Наполи, сите го знаат ликот на ѕвезда како Шевченко.

 

- Оглас -

Најнови вести