Ненадејно почина боксерскиот првак кој минатата недела го сруши рекордот на Мајк Тајсон

Американскиот боксерски првак Пол Бамба ненадејно почина на само 35 години, а причината за смртта уште не е позната.

„Го голема тага известуваме за смртта на саканиот син, брат, пријател и боксерски првак Пол Бамба, чија светлост и љубов допре до многу луѓе“, гласеше пораката на Инстаграм објавена од неговото семејство.

Бамба минатиот викенд го освои ВБА Голд титулата во крузер категоријата против Медина Луне, а во текот на својата кариера оствари импресивен биланс од 19 победи и три порази.

За Бамба, 2024 година беше импресивна во кариерата, бидејќи имаше 14 борби и сите ги победи со нокаут. Со овој биланс од 14 победи, Бамба го надмина рекордот на легендарниот Мајк Тајсон.

Славниот Тајсон во една година имал 13 победи со нокаут, рекорд кој траеше до пред една недела кога Бамба стигна до 14 победи со нокаут во една година. По последната победа, Бабма дури го предизвика и Џејк Пол.

- Оглас -

Најнови вести