Навивачите си кажаа: Мурињо е виновен!

Манчестер јунајтед игра очајно, а тоа носи и разочарувачки резултати. Последен во низата е поразот на гости кај Вест хем со 1-3 во Премиер лигата. По овој неуспех, „црвените ѓаволи“ паднаа на 10-тото место на табелата само со 10 бода од седум дуели. Лидерот Манчестер сити има дури 19 бодови, што значи дека првенството само што започнало, а веќе Јунајтед може полека да заборави за трка за титулата.

На профилот на „Твитер“ на „Манчестер јунајтед вести“ беше поставена анкета во која навивачите можеа да глсаат за тоа кого го гледаат како главен виновник за слабите резултати. Понудени беа четири опции како одговор: 1. Жозе Мурињо, 2. играчите на Ман. ју., 3. Ед Вудвард (шефот на Ман. ју.), 4. семејството Глејзер.

Конечните резултати од гласањето беа разочарувачки за Мурињо. Дури 45 отсто од гласовите се дека токму португалскиот стратег е главниот виновник за лошите резултати на екипата. На делба на второто место се Ед Вудвард и семејството Глејзер со по 22 отсто од гласовите, додека играчите дека се виновни мислат само 11 отсто од симпатизерите на најтрофејниот клуб во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести