Ристовски и Адеми за тренер го добија човекот што ја освои Златната топка во 2006 година

Ненад Бјелица повеќе не е тренер на Динамо Загреб. На неговото место ќе седне Фабио Канаваро. Легендарниот Италијанец на 3 јануари треба да се приклучи на својата нова екипа кога и службено ќе биде промовиран во нов предводник на хрватскиот првак.

„Резултатите се најважни во фудбалот, а ние во последните 11 меча имавме само четири победи, што е една од најлошите низи во домашното првенство. Никогаш не е добро време да се смени тренерот, но сега се одлучивме на овој потег за новиот тренер да има време да ги пренесе своите идеи за време на зимските подготовки и сите подготвени да го дочекаме продолжението на првенството“, рече спортскиот директор на Динамо, Марко Мариќ.

Канаваро имаше одлична кариера, освои многу трофеи, со Италија беше светски првак во 2006 година, а истата таа година ја доби и наградата Златна топка. Тој е последен дефанзивец што ја добил оваа највредна индивидуална награда во фудбалот.

Како тренер не се прослави многу. Беше во Ал-Ахли како помошник, а потоа и прв тренер на Гуангжу, Ал-наср, Тијанџин, Беневенто, Удинезе како и селектор на Кина. сега ќе го предводи Динамо, екипа во чии редови играат и македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

 

- Оглас -

Најнови вести