Ливерпул со убедливи 5:0 победи на гостувањето кај Вест хем, а повторно лидер на теренот беше Мохамед Салах. Голгетерот на Ливерпул постигна еден гол, а имаше и две асистенции. Со овој учинок, Салах сезонава стигна до биланс од 17 гола и 13 асистенции, што значи дека директно учествувал во постигнување на 30 погодоци.
Иако Салах блеска, постои опасност Ливерпул да остане без него по завршување на сезонава. Салах има договор до јуни 2025 година, а потоа е слободен играч и може да си бара нов клуб. Неодамна фудбалерот изјави дека не знае каква е неговата иднина на „Енфилд роуд“, а сега воопшто не сакаше да зборува на таа тема.
„Во важен момент стигнавме до нова победа. Среќен сум бидејќи сме на првото место. Единствено нешто на кое сега мислам и сум фокусиран е како Ливерпул да стане шампион и како оваа сезона да ја завршиме на најдобар можен начин. Целта ни е да освојуваме трофеи. Знаеме дека имаме опасни ривали во првенството, како што е Арсенал, но треба да останеме смирени и фокусирани, да работиме напорно и да постигнуваме голови за да победуваме“, рече Салах.