Хари Мегваер повторно може да биде капитен на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед ја игра најлошата сезона во последните неколку децении. Црвените ѓаволи освоија само 22 бода во првите 18 меча, што е доволно само за 14-тото место на табелата.

Следниот предизвик за гигантот од „Олд Трафорд“ ќе биде дуелот против Њукасл вечерва пред своите навивачи. На овој меч Манчестер јунајтед ќе биде без капитенот Бруно Фернандеш, кој доби црвен картон на последната средба.

Поради исклучувањето на последниот меч, Фернандеш нема да може да биде во тимот за дуелот против Њукасл, па се отвори прашањето кој ќе биде капитен на овој натпревар.

„Ќе мора да почекате до почетокот на средбата за да видите кој ќе биде капитен“, рече тренерот на Манчестер, Рубен Аморим.

Новиот тренер на Манчестер јунајтед има само четири победи, дури пет порази и едно реми во првите 10 дуели, што е очајно лош биланс. Аморим најавува дека ќе има многу работа за да се променат работите во клубот.

Португалскиот стратег неодамна го пофали Хари Мегваер дека е играч кој се поставува како лидер во соблекувалната. Токму затоа и сè погласни се шпекулациите дека Мегваер може повторно да ја врати капитенската лента на својата рака. Мегваер беше капитен на Црвените ѓаволи, но пред 18 месеци го загуби овој статус, а сега е можно повторно да биде предводник на тимот кој игра очајно сезонава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести