Фонсека: Си заминувам од Милан, направив сѐ што можам

Италијанскиот гигант Милан во новата година ќе влезе со нов тренер откако Пауло Фонсека си заминува од клупата. Португалскиот стратег беше под притисок дека мора да победи во дербито против Рома, а ако тоа не се случи, ќе мора да си замине. На крајот, мечот на „Сан Сиро“ заврши 1:1, па Фонсека знаеше дека е време да ги пакува куферите.

„Точно е. Си заминувам од Милан. Така е тоа во животот. Направив сѐ што можам“, рече Фонсека во кратката потврда за неговото заминување.

Според голем број медиуми, на местото на Фонсека ќе дојде уште еден Португалец, а тоа е Серхио Консеисао. Некогашниот тренер на Порто е слободен на пазарот и е најсоодветна опција за наследник на Фонсека. Консеисао треба да потпише договор со Милан кој ќе го задржи на клупата до јуни 2026 година.

Наследникот на Фонсека ќе има голем предизвик да го врати Милан на победничките патеки. Росонерите моментално се на осмото место на табелата со 27 поени од 17 меча и ќе има тешка борба да се бори дури и за позициите кои водат излез во Европа за следната сезона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести