Магнус Карлсен, актуелниот шампион во забрзан и брзопотезен шах, се враќа на Светското првенство откако успеа да ја реши контроверзната ситуација со Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Оваа ситуација започна кога Карлсен во претпоследниот ден од Светското првенство во забрзан шах се појави во фармерки, што не беше дозволено според официјалниот дрес-код на натпреварувањето.
ФИДЕ му изрече казна од 200 долари и од него побара да ја смени облеката. Карлсен одби и самоволно го напушти натпреварувањето пред деветтото коло, што доведе до тоа Володар Мурзин да ја преземе титулата светски првак во забрзан шах.
Chess grandmaster Magnus Carlsen will return to the World Blitz Championship after quitting the competition over not being allowed to wear jeans. The International Chess Federation now says it will allow “minor deviations” to the players’ dress code after the denim dispute. pic.twitter.com/Ch4LsRauWY
— SBS News (@SBSNews) December 30, 2024
Карлсен не го криеше своето незадоволство од ситуацијата, изјавувајќи:
„Тие можат да ги спроведуваат своите правила, немам проблем со тоа, но мојот одговор е: ‘Добро, се откажувам. еб.те се.’“
Во обид да го задржи најдобриот шахист на светот, ФИДЕ реши да ги измени правилата сред натпреварувањето. Новите правила дозволуваат носење „соодветни фармерки“ кои мора да се усогласени со бојата на сакото.
По оваа одлука, Карлсен најави враќање на Светското првенство во брзопотезен шах, кое започнува денес.
Во пресрет на натпреварот, тој изјави:
„Дефинитивно ќе играм утре во фармерки.“
Ако успее да ја освои титулата, Карлсен ќе стане првиот шахист во историјата кој освоил светско првенство носејќи фармерки, што ќе биде уште еден уникатен момент во неговата извонредна кариера.