Манчестер jунајтед може да го изгуби значајниот спонзорски договор со компанијата за спортска опрема „Адидас“ ако клубот испадне од англиската Премиер лига, објавија британските медиуми.
Според условите на спонзорскиот договор, кој има вкупна вредност од 900 милиони фунти во период од 10 години, „Адидас“ има право да го раскине договорот ако Манчестер јунајтед го загуби своето место во елитната дивизија на англискиот фудбал.
Во случај на испаѓање во Чемпионшип, постои и втора опција за „Адидас“ – да ги намали годишните исплати на половина, односно на 45 милиони фунти.
Манчестер јунајтед моментално се наоѓа на 14-тото место во Премиер лигата по 19 одиграни натпревари, со предност од седум бода пред зоната за испаѓање, каде што се наоѓа Лестер.
Оваа потенцијална ситуација може да има сериозни финансиски и спортски последици за клубот, кој неодамна го продолжи договорот со „Адидас“ на дополнителни 10 години.