Јувентус одлучи да го продаде капитенот

Италијанскиот гигант Јувентус реши да го продаде Данило во зимскиот преоден рок. Бразилецот моментално ја има капитенската лента, а неговиот актуелен договор со Старата дама е до крајот од сезонава.

Ако Јувентус сака да ќари од заминувањето на Данило, потребно е да го продадат во зимскиот преоден рок, односно до крајот на овој месец. Искусниот 33-годишен централен дефанзивец сезонава одигра 12 натпревари во Серија А, но само шестпати беше стартер.

Данило во Јувентус дојде во 2019 година од тимот на Манчестер сити за сума од 37 милиони евра. Освен за Сити и Јувентус, Бразилецот во кариерата има играно и за Реал Мадрид, Порто, Сантос и Атлетико Минеиро. За репрезентацијата на Бразил има 67 настапи.

 

- Оглас -

Најнови вести