Навивачите ќе бидат наш осми играчи на СП, Мукаетов би бил задоволен со три победи на шест меча

Ракометната репрезентација на Македонија на прес-конференција во просториите на Македонски Телеком ги кажаа своите амбиции на претстојното Светско првенство. Нашата селекција во првата фаза ќе игра во Вараждин, Хрватска, и тоа може да значи голема поддршка од фановите како наш осми играч.

„Осум години по ред соработуваме со ракометната федерација. Ви посакуваме среќа, успех и пласман во втората и главната фаза“, рече главниот извршен директор на Телеком, Никола Љушев.

„Драго ми е што и оваа година ја почнуваме со подготовки за големо натпреварување. Нашите ракометари заслужуваат поддршка, ги повикувам навивачите да дојдат во голем број. Лично би бил задоволен од три победи па нагоре на шест натпревари, сакам да останеме 12 дена“, рече првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

„Од 2012 имаме страшен континуитет кој заеднички го направивме, тоа е голем успех за македонскиот спорт. Ни соседите од Балканот не може да се пофалат со вакво нешто. Се надевам дека ракометот ќе продолжи исто вака. Имаме позитивни искуства од СП во Хрватска, знаеме дека ќе имаме поддршка од навивачите, тие ќе бидат нашиот осми играч, таа поддршка многу ќе ји значи. Умерен оптимист сум, знаејќи го нашиот менталитет и квалитет. Имаме одлични млади играчи, на добар пат сме и допрва ни претстојат успеси“ рече селекторот Кирил Лазаров.

„Во баражот со Фарски пстрови покаѓавме македонско срце, така треба да играме и на СП. Имаме тешка група, ги аналзираме ривалите, се спремаме за секој детал. Веруваме во себе, нашите цели се високи, се надевам дека ќе ги израдуваме сите навивачи“, изјави капитенот Филип Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести