Арне Слот доби одлични вести пред дербито со Манчестер јунајтед

Ливерпул се подготвува за неделниот меч против Манчестер јунајтед, а Арне Слот на прес-конференцијата објави одлични вести за неговиот состав. Повредените Конор Бредли и Ибрахима Конате започнаа да тренираат и речиси со сигурност ќе бидат во ростерот за дербито против Црвените ѓаволи, но неизвесно е дали ќе добијат минутажа.

Единствениот фудбалер кој со сигурност нема да биде дел од натпреварот против Манчестер јунајтед е Џо Гомес.

„Џо Гомес е повреден и ќе отсуствува неколку седмици. Тоа е сигурно. Бредли и Конате денес првпат ќе тренираат со нас. Ме интересира да видат до каде се. Работеа навистина напорно за да се вратат, но сега ќе видиме колку можат да се справат со тренинзите. И двајцата ќе тренираат денес. Сите се здрави и подготвени за настап, освен Џо Гомес, и ќе бидат дел од составот во недела“, рече Слот за британските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести