Валенсија во одложен меч од Ла Лига го пречекува Реал Мадрид, а на овој дуел ќе дебитира новиот тренер, Карлос Корберан. Според најавите од Шпанија, на голот на Лилјаците ќе биде нашиот Столе Димитриевски, но навивачите на клубот најавуваат протест.
Иако претходно се најавуваше дека ќе го бојкотираат натпреварот, сепак последната одлука е дека ќе присуствуваат, но на стадионот ќе влезат во 19-тата минута за да можат камерите да ги снимат празните столчиња на „Местаља“.
Навивачите на Валенсија не се задоволни од сопственикот на клубот, Петер Лим, и од лошите резултати на клубот кој се наоѓа на делба на последната позиција во Ла Лига.