Претседателот на Панатинаикос убаво спиел, па го повика Јокиќ да потпише за неговиот тим

Претседателот на Панатинаикос, контроверзниот Димитрис Јанакопулос, преку „Инстаграм“ го повика Никола Јокиќ да потпише за Зелените детелинки од Атина.

„Денеска се разбудив во добро расположение. Јокиќ, сакаш да дојдеш во Панатинаикос?“, рече Јанакопулос во видеото кое им го сподели на своите следбеници.

Во Панатинаикос дресот со бројот 15 е слободен, а Србинот нема играно во Евролигата. Јокиќ следната сезона ќе има огромна плата од 55 милиони долари и јасно е дека ова е само шега на Јанакопулос и не е реално да добие потпис од најкорисниот играч во НБА.

ПАО вечерва игра дома со Виртус Болоња во еден од петте меча од Евролигата, а вечерашната програма нуди и истанбулско дерби Фенербахче – Ефес. Париз е домаќин на Барселона, Реал го пречекува Баерн, а Партизан игра со Макаби.

Во Sport Life може да се обложите и на број на фаули, скокови или погодени тројки, кои ќе ги има секој од десетте тима, како и на број на поени, скокови или асистенции на голем број поединци.

- Оглас -

Најнови вести