Интересна НБА-деветка: Јокиќ-Вембањама и настап на сите тимови кои заборавија што е пораз

Вечерва по полноќ се играат девет натпревари во кошаркарската НБА-лига, а најпривлечен е мечот Денвер – Сан Антонио затоа што ќе има дуел на двете европски мегаѕвезди, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

Дерби може да се нарече и пресметката на Хјустон и Бостон, затоа што Рокитс се трети на Западот, а Селтикс се втори на Истокот.

Продолжување на победничките серии бараат Кливленд, Њу Орлеанс и Њујорк. Кавалирс, кој има осум триумфи едноподруго, ако победи и во Далас, ќе стане првиот тим сезонава со 30 победи.

Њу Орлеанс не би требало да киксира дома, им се насмевнува 14-тата победа по ред, а Никс против Оклахома сити оди по 10-тата победа во низа.

Во Sport Life може да се обложите и на број на поени на над 70-мина кошаркари кои ќе настапат вечерва.

- Оглас -

Најнови вести