Салах ги смрзна навивачите на Ливерпул: Ова ми е последна сезона во клубот!

Египетската фудбалска ѕвезда, Мохамед Салах, во интервју за „Скај Спортс“ ги расчисти сите сомнежи во врска со неговото продолжување со Ливерпул и сам потврди дека ова ќе биде негова последна сезона во црвениот дрес.

„Сакам да ја освојам титулата во Премиер лигата сезонава, бидејќи ова е мојата последна година во клубот. Сакам да му го дадам овој посебен подарок на клубот и на градот“, рече Салах, кој додаде дека нема никаков напредок во преговорите за нов договор.

Обновувањето на договорот на Салах со Ливерпул е проблем кој се провлекува уште од 1-ви септември 2023 година. Многумина мислеа дека договор за продолжување на соработката ќе има, но 32-годишниот Салах налето најверојатно си оди од клубот во кој игра од 2017 година и во кој стана еден од најдобрите на светот.

- Оглас -

Најнови вести