Кризата во која се наоѓа Манчестер јунајтед ќе се решава со ангажман на нови фудбалери, а во фокусот ќе бидат напаѓачите. Две гол-машини се очекува да пристигнат на „Олд Трафорд“ уште во јануарскиот преоден рок, а раководството на „црвените ѓаволи“ ќе мора да платат околу 150 милиони евра.
Се работи за двајца напаѓачи со исто име – Виктор. Осимен и Ѓекереш се големи желби на Рубен Аморим. Осимен во моментов е на позајмица од Наполи во Галатасарај, а вредноста му се проценува на 75 милиони евра. Ѓекереш игра фантастично за Спортинг Лисабон, каде беше трениран токму од Аморим. И неговата вредност, исто како и таа на Осимен, е 75 милиони евра.