Довициозо за влакно подобар од Маркес на стартот Мото ГП шампионатот

Андреа Довициозо е победникот на првата трка во новата сезона на Мото ГП, трката која се одржа во Катар. Италијанецот беше подобар од актуелниот светски првак Марк Маркес за 23 стотинки, со идентичен фотофиниш како минатата сезона на истата патека. На подиумот како третопласиран се качи Британецот Кал Крачлоу, дебитантот во Мото ГП кој вози за тимот на „ЛРЦ Хонда“.

Маверик Винјалес, возачот на Јамаха, иако стартуваше од пол-позиција, заврши како седми, а најдобар подвиг направи неговиот колега Валентино Роси, кој стартуваше од 14-тата позиција, но успеа да заврши како петти.

https://twitter.com/MotoGP/status/1104805694304387072

Една грешка на Довицозо на два кругови пред крајот на трката можеше да го чини победа, му дозволи на Маркес да избие на првото место, но во последниот свиок го помина Шпанецот и ја помина линијата онолку колку што беше потребно за славење.

Следната трка е закажана на 31-ви март, ќе се вози за Големата награда на Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести