Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, испиша нова историја со освојувањето на Суперкупот на Франција, откако стана најтрофеен играч во историјата на францускиот фудбал. Со вкупно 31 трофеј во својата кариера, бразилскиот дефанзивец стана симбол на успехот и доминацијата на ПСЖ во последната деценија.
Маркињос се гордее со исклучителен список на достигнувања, кој вклучува девет титули во Лига 1, седум титули од Купот на Франција, шест од Купот на Лигата и девет пехари во Суперкупот.
3️⃣1️⃣🏆
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 5, 2025
Avec ce nouveau trophée, Marquinhos devient le joueur le plus titré de l'histoire du club, mais aussi du football français. 👏❤️💙 pic.twitter.com/i79gLPY3ta
Со ова, тој го надмина Марко Верати, кој има освоено 30 трофеи, и дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од најдобрите играчи во историјата на клубот.
Маркињос пристигна во ПСЖ во 2013 година и брзо се етаблираше како лидер на теренот. Неговата стабилност во одбраната, комбинацијата на техничка умешност и тактичка интелигенција, како и посветеноста на клубот, го направија столб на тимот во изминатите години.