Историски големи премии за ракометарите: Дава РФМ, ама дава и Владата

Машката ракометна репрезентација ќе има историски големи премии на претстојното Светско првенство што нашиот национален тим ќе го игра во Вараждин почнувајќи од 15-ти јануари.

Ракометната Федерација на Македонија, предводена од Живко Мукаетов, вети премија од еден милион денари за секоја победа на нашите репрезентативци на овој шампионат. Но, и премиерот Христијан Мицковски вети дека и Владата на Македонија исто така ќе издвои еден милион денари за секоја победа.

Ова значи дека македонските ракометари ќе имаат два милиони денари за победа, какп дополнителен мотив на секој од натпреварите да се стигне до добар резултат во Вараждин.

Македонија на 15-ти јануари во првиот меч од СП 2025 ќе се сретне со Унгарија, два дена подоцна за противник ќе ја има Холандија, а на 19-ти јануари во дуелот од третото коло ќе игра против Гвинеја.

- Оглас -

Најнови вести