Дали ВАР системот згреши? Мбапе не бил во офсајд кога му го поништија голот против Валенсија (Фото)

Во првиот меч што го одигра во 2025 година, Реал Мадрид со 2:1 славеше на гостувањето кај Валенсија во меч кој имаше многу контроверзии.

Валенсија водеше на полувреме, а потоа во вториот дел се случија многу интересни работи. Најпрво Белингам промаши пенал, потоа беше поништен гол на Килиајн Мбапе поради офсајд.

Следуваше црвен картон за Винисиус јуниор откако без топка го удри во лицето Столе Димитриевски. И со играч помалку, Реал до крајот успеа да направи пресвт и стигна до победа од 2:1.

Интересно е дека Реал всушност многу порано требало да се радува на погодок, затоа што по направелни детални пресметки и премерувања, Мбапе всушност и не бил офсајд во спорната ситуација.

- Оглас -

Најнови вести