Милан на најдобар можен начин ја започна 2025 година откако го освои трофејот во Суперкупот на Италија. Во финалето во Ријад, Росонерите со 3:2 го победија Интер, откако на полувреме губеа со 1:0, а потоа во вториот дел заостануваа и со два гола. На крајот Милан победи со 3:2 и се радуваше на трофејот.
Тренерот Сержо Консеисао на 30 декември беше назначен за предводник на екипата и сега, неполни 10 дена подоцна се радува на трофејот. Претходно, во полуфиналето, Милан со 2:1 го победи Јувентус и тоа на сличен начин како што беше во финалето.
Росонерите против Јувентус губеа со 1:0 на полувреме, но во вториот дел направи целосен пресврт и со два гола стигна до победа од 2:1. Едноставно новиот стратег Консеисао покажа дека е експерт да го мотивира тимот да се врати во игра и кога губи на полувреме од најголемите ривали.
Фактот дека му беа потребни само два меча да стигне до првиот трофеј, Консеисао испиша клупска историја во Милан, затоа што на ниту еден тренер претходно не му требало само два меча за да стигне до првиот пехар.