Тотенхем и Манчестер јунајтед во битка за Рандал Коло Муани

Тотенхем и Манчестер јунајтед покажуваат голем интерес за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, со планови да го доведат на позајмица до крајот на сезоната.

Покрај овие два клуба, интерес за францускиот репрезентативец има и од други тимови од Премиер лигата, како и од италијанскиот гигант Јувентус.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, сè поретко му дава минути на Коло Муани, што го прави клубот подготвен да се раздели со него ако пристигне соодветна понуда. Сепак, парижаните веќе одбија понуда од Монако, која не вклучуваше опција за траен откуп на договорот.

ПСЖ сака да си врати дел од инвестицијата во напаѓачот, кој минатото лето беше доведен од Ајнтрахт Франкфурт за 90 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести