Еуфорија во Грција, Олимпијакос го носи Ентони на позајмица од Манчестер јунајтед

Грчкиот гигант Олимпијакос доставил понуда до Манчестер јунајтед за бразилскиот крилен напаѓач Ентони, информира „Скај Спортс“. Клубот од Пиреја го бара 24-годишниот фудбалер на позајмица до крајот на сезоната.

Многу е веројатно дека Ентони ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари, а интерес за него има од неколку клубови. Олимпијакос се обидува да биде најбрз и да го добие фудбалерот за вториот дел од сезоната.


Бразилецот има 12 настапи од почетокот на сезоната за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести