Шарлот ја прекина црната серија од десет порази благодарение на фантастичната игра на ЛаМело Бол, кој постигна 32 поени и забележа 10 скокa, совладувајќи го Феникс. Одличниот настап на Девин Букер со 39 поени и 10 асистенции остана без награда, додека Кевин Дурaнт додаде 26 поени. Во втората четвртина, Хорнетс одиграа фантастично и ја добија со дваесет разлика откако Бол забрза, иако не постигна ниту еден поен во првата четвртина.
Далас, иако ослабен, неочекувано ги победи ЛА лејкерс. Квинтен Грајмс постигна шест тројки и заврши со 26 поени, девет скока и шест асистенции. Така, Маверикс ја прекинаа серијата од пет порази. Лука Дончиќ не игра од Божиќ според Грегоријанскиот календар, а Кајри Ирвинг има проблеми со грбот. Кај гостите, кои делуваа изгубено во одредени моменти, Ентони Дејвис постигна 21 поен, а Леброн Џејмс додаде 18 поени, 10 скока и осум асистенции. Клупата на Далас уфрли 50 поени, двојно повеќе од ривалите.
Зајон Вилијамсон се врати на теренот, но Њу Орлеанс загуби од Минесота. Ентони Едвардс блескаше со седум тројки и вкупно 32 поена. Вилијамсон постигна 22 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки за 27 минути игра. Лошиот настап на Си Џеј Мекалум, кој шутираше 1 од 14, беше клучен за уште еден пораз на Пеликаните, кои имаат загубено 21 од последните 24 натпревари.
Хјустон ја совлада слабата екипа на Вашингтон благодарение на одличната трета четвртина, во која постигнаа 40 поени. Џејлен Грин и Алперен Шенгун комбинираа 36 поени во тој период, додека Фред Ванвлит додаде 19 поени, 12 асистенции и четири украдени топки.
Тре Јанг ја донесе победата за Атланта против Јута со шут од половина терен. Заврши со 24 поени и 20 асистенции. Кај домаќините, Лаури Марканен постигна 35 поени, а Вокер Кеслер додаде 21 поен и 10 скокови. Богдан Богдановиќ се врати со 11 поени за 28 минути.
Мајами го совлада Голден стејт благодарение на Никола Јовиќ и Бам Адебајо. Јовиќ постигна 20 поени, шест скока и четири асистенции, додека Адебајо додаде 19 поени, девет скока и пет асистенции. Иако Стеф Кари постигна 31 поен со осум тројки, не успеа да го спаси својот тим.
Денвер загуби од Бостон без Никола Јокиќ, кој се разболе пред дербито. Без него Нагетс делуваа просечно. Џејсон Тејтум постигна 29 поени, а Кристапс Порзингис доминираше со 25 поени и 11 скока.
Резултати: Шарлот – Феникс 115-104, Вашингтон – Хјустон 112-135, Далас – ЛА лејкерс 118-97, Њу Орлеанс – Минесота 97-104, Јута – Атланта 121-124, Денвер – Бостон 106-118, Голден стејт – Мајами 98-114.